Во Иран измерени речиси 50 степени, минус 70 степени на Антарктикот

Највисока температура од 49,8 степени е измерена во градот Омдије во Иран во последните 24 часа, објавено е на веб-страницата Огимет, која од интернет собира податоци за времето од целиот свет.
Најстудено во светот во последните 24 часа беше во поларната станица Амундсен-Скот на Антарктикот, каде се измерени минус 69,8 степени. Најмногу дожд наврна во Череповец, Индија – 428,6 мм, а најсилниот ветер дуваше на Антарктикот со брзина од 145,7 км/ч.
Топлотен бран ја погоди Европа во последните неколку дена, а издадени се и бројни предупредувања за топлина.
Најжешкото место во Европа е Андухар во Шпанија со 42,7 степени, а Шпанија и Франција се земјите каде што беше најтопло во последните 24 часа.
Јитланд во Норвешка со минус 2,9 степени е најстудената точка во Европа, а Норвешка е и најстудената земја на европскиот континент.
Највисоката просечна температура во последните 24 часа е измерена во Пјаченца во Италија, 35,9 степени, на второ и трето место се Мостар во Босна и Херцеговина и Дон Бенито во Шпанија со 35,6 степени, потоа Сењ во Хрватска со 33,4 степени, а на петтото место е Дакс во Франција со 33,4 степени.
Најмногу дожд во последните 24 часа наврна во Ембрун во Француските Алпи – 71 мм. Најсилни ветрови дуваа во Норвешка, 83 км/ч, и Шведска, 65,6 км/ч, според податоците објавени од Огимет.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
