-->
-->
Во Ирак во изминатите 24 часа се убиени најмалку 40 демонстранти
-->
Ирачките сили за безбедност убиле најмалку 40 антивладини демонстранти во последните 24 часа додека насилството ескалира во престолнината Багдад и на југот од земјата, наведуваат официјални претставници.
Немирите и протестите го потресуваат Ирак од 1 октомври, а најизразени се во Багдад и поголемиот дел од јужните, доминантно шиитски, градови.
Демонстрантите ја обвинуваат владата, предводена од шиитите, дека ја штити корупцијата и го истакнуваат незадоволството од лошите услуги во јавните служби и високата невработеност.
Оттогаш силите за безбедност убиле 350 демонстранти низ земјата, при што редовно користат боева муниција и солзавец во растерување на демонстрантите, потсетуваат агенциите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори