Свет
18. December 2016 - 9:08

Во Индонезија загинаа 13 луѓе при уривање на транспортен воен авион

Тринаесет луѓе загинаа при уривање на транспортен авион на индонезиската армија. Леталото се урнало откако удрило во планината Лисува во покраината Папуа.

Агенцијата за потрага и спасување на Индонезија соопшти дека авионот Херкулес Ц130 полетал од градот Тимике кон Вамени и се урнал во близина на градот.

На планината пронајдени се телата на жртвите и се префрлени во Вамени.