Во Индија пронајдени резерви од 3.000 тони злато

Во индиската држава Утар Прадеш откриени се наоѓалишта на злато, кои се проценуваат на 3.000 тони, соопшти индиското Министерство за геологија и рударство.
Резервите на злато се простираат на површина од 108 хектари земјиште.
– Федералните и локалните агенции пронајдоа траги од злато во дистриктот Сонбхадра по десет годишно истражување на таа област, изјави началникот на одделот за рударство во Утар Прадеш, Рошан Џејкоб.
Тој истакна дека во Сон Пахади се пронајдени 2.940 тони, а во Хард Пахади 646 килограми злато.
Во Индија годишно се ископуваат два до три тони злато. Сепак, оваа земја е втор најголем потрошувач на злато во светот и годишно увезува 843 тони злато, кое главно се користи за накит, религиски понуди и богати венчавки.
Минатата година Индија внесе злато во вредност од 31 милијарда долари, со што овој метал е втор најголем увезен производ по суровата нафта.
Ново на Сител
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
-

ОЈО: Истрага за претседател на суд и судски администратор
-

Рокас: Има забрзување на процесот на реформите
-

Тешко повреден кумановец во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје
