Во инцидентот во Осло повредени две бебиња
Вооружениот маж што во Осло украде амбулантно возило и влета во толпа луѓе, повредил три лица, од кои две се бебиња, соопштија норвешката полиција и болнички извори.
Мажот бил совладан откако полицијата пукала во возилото. „Тој е поврден, но нема сериозни рани“, јави полицијата.
-Две бебиња се повредени откако грабнатото возило на Итната помош удри во едно семејство. Станува збор за близнаци на седуммесечна возраст, на кои им е дадена прва помош, соопшти портпаорлот на болницата во Осло.
Јавниот радиодифузер НРК прикажа снимки од оштетеното возило во квартот Торшов, на која се слушаат истрели.
Портпаролот на болницата изјави дека во инцидентот учествувале две возила на Итна помош.
-Едното возило го грабнал мажот вооржен со сачмарка. Неколку минути подоцна второ возило на Итна помош успеало да го запре грабнатото, забивајќи се во него. Потоа стигнала полицијата и го уапсила осомничениот, соопштиболницата.
ДПА ја пренесе и изјавата на полицијата дека „мажот е уапсен, но дека тие трагаат и по една жена“.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости