Во Хрватска масовни повици за бојкот- Не купувајте ништо в петок на 24 јануари

Корисници на социјалните мрежи во Хрватска масовно споделуваат пораки во кои повикуваат на бојкот на трговските синџири в петок, 24 јануари. Пораките за бојкот се поради високите цени на производите.
„На 24 јануари во Хрватска има бојкот против високите цени на храната. Се повикуваат луѓето да не купуваат ништо тој ден, но ништо. Осигурете се за тој ден како да е недела. Во Обединетото кралство истото се случи со горивото, пред некој ден падна за 15 пени по литар, но ги покачија и платите за 100 фунти месечно“, гласи една од пораките.
Според иницијаторите, ако десет отсто од луѓето во Хрватска се приклучат во акцијата – ќе има голем загуба за малопродажните синџири.
„Ако на тоа гледате како на политички избори, ништо нема да постигнете. Десет проценти од луѓето што го прават тоа е огромна загуба за малопродажните синџири, а вие нема да изгубите апсолутно ништо тој ден, но тие ќе загубат“, се наведува во пораката испратена на WhatsApp, Reddit и Facebook.
Според хрватски медиуми, таа иницијатива има голем одзив засега и во дел од коментарите се вели:
„На никој нема да му падне влакно од глава ако не отиде во продавница тие 24 или 48 часа… Ако нешто во оваа држава предизвикува реакција, тоа е кога ќе те удрат по џеб, и во овој случај би ги удриле арогантните трговци по џеб“.
Ново на Сител
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
-

Бугарската министерка до Муцунски: Почитување на договореното за отворање на Европскиот пат
-

Тема на денот со Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“
-

Укинување на доживотниот затвор бараат осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Ниту еден од 13-те полицајци не се чувствува виновен за трагедијата во „Пулс“
-

ЕУ разгледува можност за постепено интегрирање, Муцунски бара да нема билатеризација
-

Опозицијата обвини за блокади - Власта за предавство
-

Од полноќ дизелот поевтинува за 4 денари
