-->
-->
Во хотелот „Монтенегро“ кај Велес во изолација 42 македонски граѓани кои се вратиле од Малта
-->
Во хотелот „Монтенегро“ кај Велес од синоќа престојуваат во карантин 42 македонски државјани кои престојувале во Малта, а кои вчера попладнето беа вратени во земјава со авионски лет на Владата.
Нив во хотелот ги пречека медицинска екипа од велешката болница, составена од интернистот д-р Ристо Катранџиев и медицинскиот техничар Ангел Драскачев, како и директорот на болницата д-р Божидар Бојаџиев.
Тројца-четворица се од Велес, а другите од Скопје, Куманово, Штип, Делчево, Македонска Каменица, Прилеп и Битола информира за МИА, интернистот д-р Ристо Катранџиев, кој ги прегледа пристигнатите патници.
-Сите се прегледани, измерена им е температура, епидемиолошки се евидентирани и сместени изолирани еден од друг во засебни простории на хотелот, каде ќе престојуваат во наредните 14 дена на изолација,информира др Катранџиев.
За нив обезбедување вршат екипи на СВР Велес.
Како што информира за МИА, директор на ЈЗУ Општа болница во Велес, Божидар Бојаџиев, попладнево во хотелот „Монтенегро“ кај Велес во карантин треда да бидат сместени уште петмина македонски државјани од кои, еден кој доаѓа преку преминот Табановце и уште четворица преку Деве Баир и тие ќе бидат сместени во карантин во овој хотел, откако претходно здравствено ќе ги прегледа екипа на ЈЗУ Општа болница од Велес предводена од д-р Катранџиев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка