Во Холандија судири меѓу демонстранти и полиција, 25 уапсени
Полицијата се судри со демонстрантите за време на денешните протести во Амстердам и Ајндховен, организирани против воведувањето карантин во Холандија.
Во Амстердам, силите за спроведување на законот употребија водени топови за да ги растераат демонстрантите кои се собраа на плоштадот опкружен со музеи.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како полицијата интервенира со водени топови против група демонстранти собрани во близина на зградата на музејот „Ван Гог“.
Полицијата во Ајндховен исто така употреби водени топови и солзавец против стотици демонстранти и преку звучници предупредуваше да се избегнува центарот на градот.
Засега нема информации за повредени, но полицијата соопшти дека се издадени над 3.600 казни за кршење на полицискиот час, како и оти 25 лица се уапсени за насилство.
Синоќа, за време на првата вечер од полицискиот час, демонстрантите запалија лабораторија за тестирање за коронавирусот во холандското рибарско село Урк и фрлаа петарди.
Видео објавено на социјалните мрежи покажува како огорчени млади луѓе влегуваат во лабораторија во Урк, која подоцна била запалена.
Ново на Сител
-
Двајца владици на МПЦ-ОА хоспитализирани поради Ковид-19
-
Прва изјава по изборите од таборот на Слави Трифонов за спорот со Македонија
-
Тема на денот со професор Спасеновски: Има ли надеж за деблокада на парламентот?
-
Кожув и Работнички подобри од Куманово и МЗТ 2
-
Вардар останува со максимален ефект во Супер лигата
-
Еден стан, шест купувачи – Дали Обвинителството ќе отвори истрага за новиот скопски ФИКОМ?
-
Утре нова лидерска за деблокада на парламентот – Можен ли е договор?
-
Дали македонски пасош добивале и припадници на ИСИС?