-->
-->
Во Грција во мај поднесени околу 4.300 барања за азил
-->

Грчката служа за азил добила 4.288 барања за азил во мај, од кои повеќето биле од лица заглавени на островите во Егејското море, јави допсиникот на МИА од Атина.
Повикувајќи се на официјални претставници, „Катимерини“ јави дека вкупно 2.858 барања за азил биле поднесени од страна на мигрантите кои пристигнале на грчките острови, по потпишувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција на 20 март.
Уште 5.919 барања чекаат да бидат разгледани.
Службата неодамна одбележа три години од работењето, откако првото барање беше поднесено на 10 јуни 2013 година. Од тогаш, се евидентирани 41.026 барања (11.371 од жени, 29.655 од мажи и 1.598 од малолетни лица без придружба), а „меѓународна заштита од прв степен“ им е доделена на 6.828 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Портокалов ден во Градскиот парк по повод Денот на кралот на Холандија
-

Измените на законот за пратениците пред Законодавно-правната комисија
-

Сончево и топло, од утре до крајот на неделата дожд
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
