Во Грција разбиена мрежа за перење пари преку биткоини
Грчката полиција уапси еден руски државјанин под обвинение дека е „мозокот“ на мрежата за перење пари со помош на виртуелната валута биткоин, преку која се претпоставува дека се „испрани“ најмалку четири милијарди долари.
- Уапсениот Александар Виник (38) е „мозок“ на криминалната организација, по кого е распишана меѓународна потерница, се наведува во полициското соопштение.
Виник бил уапсен во едно едно приморско село во северниот дел на Грција, врз основа на меѓународна потреница распишана од САД, кои нејверојатно сега ќе бараат негова екстрадиција.
Според полицијата, Виник раковоел со онлајн платформа преку која се вршеле трансакции во биткоини и се переле пари.
- Од 2011 година Виник раководел со кримнинална организација, која администрирала со една од најважните интернет страници во светот за електронски криминал, се наведува во полициското соопштение.
Биткоинот е прва дигитална валута која овозможува сигурни и тајни трансакции, со што на финасиските власти им е речиси невозможно да ги контролираат овие текови на пари.
Апсењето на Виник е последно во низата операции против руски кибер криминалци во Европа
Ново на Сител
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција