Балкан
20. May 2016 - 8:38

Во Грција разбиена албанско-грчка нарко група

Грчката полиција разби организирана група шверцери на дрога, главно составена од Албанци.

Како што објавија медиумите во Тирана, полицијата уапсила десет лица, од кои шест Албанци и четворица Грци, кај кои открила и запленила 168 килограми марихуана.

Групата, која шверцувала дрога од Албанија во Грција, била следена и прислушувана подолг период,

Во акцијата била вклучна и американската агенција за борба против шверц на наркотици ДЕА, која учествувала во идентификација на лицата вмешани во трговија со дрога.

Освен дрогата, полицијата запленила и 62 илјади евра, долари, како и муниција и оружје.