ГАВРАН
Порасна во студ, во сиромаштија, во осаменост и болка. По многу години, тој е подготвен да ги излечи лузните што му нанесоа голема траума во детството и да се врати онаму каде сѐ започна. Сега, овој човек ќе тргне во одмазда кон оние што го предадоа неговиот татко, кон оние што го лишаа од среќно детство и од семејство со кое треба да расте секое едно дете на овој свет.
На патот кон одмаздата, човекот наречен Гавран ја среќава Дила, ќерка на неговиот најголем непријател. За него ќе биде приоритет да ја одмазди смртта на татка си, не бирајќи средства и газејќи и по она што го сака. За неа, пак, е болно да се соочи со својот татко и да ја прифати горката вистина, вистината дека и таа ќе живее меѓу правдата и злото. „Гавран“, серија за невозможна љубов и непредвидлива одмазда со едни од најголемите ѕвезди на денешницата во главните улоги.
Вљубениот ерген и девојката од прозорецот заедно во нова современа серија за сите љубители на најдобрите трилер приказни.
Ново на Сител
-
Приведен жител на Свети Николе, пронајдена дрога во неговиот дом
-
СПМ: Шефовите на источниот и јужниот сосед на Македонија настапуваат оркестрирано со империјални барања против интересите на македонскиот народ
-
Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција
-
Приведен кавадарчанец за нанесена тешка повреда на неговиот син
-
Студија на ОН: Се зголемуваат ризиците за мигрантите во Медитеранот
-
МВР: 223 возачи казнети за брзо возење
-
Вучиќ за пишувањето на Нова: Се што е напишано е лага, имаме многу фер односи со Русија
-
Би-Би-Си: Се очекува Сунак со следните неколку часа и формално да поднесе оставка пред кралот Чарлс