Во Грција досега пристигнале 1.500 украински државјани
– Во изминатите 24 часа во Грција влегле 468 украински државјани, додека пак во изминатите шест дена во земјата пристигнале вкупно 1.500 лица од Украина, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос вчера одржа состанок за бегалските бранови од Украина и од Министерството соопштија дека во изминатите пет дена, заклучно со вчера во земјата влегле 1.032 украински државјани, додека пак во изминатото деноноќие, според грчката полиција, пристигнале 468 лица.
Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на вчерашниот редовен брифинг со новинарите рече дека Грција е целосно подготвена за бегалските бранови од Украина, но и додаде дека барањето до Европската Унија е да се создаде механизам за распределба на луѓето, за секоја од членките да знае колку бегалци ќе треба да згрижи.
Доцна синоќа во Атина пристигнаа два автобуси со украински државјани.
Ново на Сител
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
