Во граѓанската војна во Јемен веќе има над 100.000 жртви
Во граѓанската војна во Јемен, од 2015 година наваму, веќе има над 100.000 убиени лица, покажува програмата која го следи насилството во земјата.
Проектот за податоците на место и настани со вооружени конфликти во Јемен (ACLED), во новиот штотуку објавен извештај наведува дека во нападите во оваа земја се убиени и над 12.000 цивили.
Неколку месеци подоцна, во март 2015 година, коалиција предводена од Саудиска Арабија, почна воздушна кампања за да ги спречи востаниците Хуси да ги заземат и јужните региони на земјата.
Во воздушните напади, на чие чело стои Саудиска Арабија, беа погодени училишта, болници и свадбени церемонии и беа убиени илјадници јеменски цивили. Хусите употребуваа дронови и ракети за да ја нападнат Саудиска Арабија и за своја цел имаа и бродови во Црвено море.
Во конфликтот најмногу настрадаа цивилите, што доведе до, според ОН, најтешката хуманитарна криза во светот.
Само годинава, според извештајот на ACLED, убиени се приближно 20.000 лица, што веќе оваа 2019 година ја прави втора по смртоност, откако во 2018 година загинаа приближно 30.800 лица.
Од невладината организација соопштуваат дека април бил најсмртоносниот месец годинава, со над 2.500 загинати, по кој следи септември со 1.700.
Во извештајот се наведува дека до овој момент само годинава се убиени 1.100 цивили.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени