Во гостиварско откриени над илјада возачи без возачки дозволи
Во годината што измина на поширокото гостиварско подрачје биле откриени и исклучени од сообраќај 1.033 лица кои управувале најразлични моторни возила без положен испит и валидна дозвола, информираат од СВР Тетово.
Најголемиот број од нив управувале патнички возила, но и комбиња и камиони или други видови товарни возила. Според возраста, станува збор за помлади лица на возраст од 15, 16 до 35-40 години.
Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски покрај возењето без возачка дозвола забележително е што и возачите почетници не го почитуваат законот.
- Минатата година, исто така, откриени се и 294 возачи-почетници, кои не се придржувале кон законски предвидените ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот, односно управувале возила со поголема моќност или без придружник, вели Јосифоски.
Тој нагласува дека во 2017-та година откриени и законски санкционирани се и 836 лица кои управувале возила со истечена регистрација до и над 30 денови, како и 81 технички неисправно возило. Според Јосифоски ова е причина повеќе за сериозна загриженост, бидејќи значителен број од нив биле учесници и во јавниот превоз на патници.
Лани на гостиварското подрачје вкупно контролирани се 28.211 возила и возачи, од кои 8.893 биле неисправни, а поради што се изготвени 3.813 прекршочни пријави и 4.351 мандатен платен налог.
Во најавата за активностите за претстојната година, од СВР Тетово потенцираат дека посебно внимание повторно се посветува на возачите без дозволи, возачите-почетници и на техничката исправност на возилата. Покрај ова, интензивно ќе се спроведуваат и активности за контрола на брзината, зашто неприлагодената брзина и минатата година беше најчестата причина за најголемиот број „сообраќајки“ на полошките простори.
Ново на Сител
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување
-
Во Полска уапсени 75 луѓе поради дистрибуирање на детска порнографија
-
Пронајдени и вратени на родителите две загубени деца во Скопје