Во голема акција на МВР уапсен Васко Ковачевски и уште 28 лица
Васко Ковачевски поранешениот директор на ЕСМ е еден од 29 физички лица кои се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино. Дополнително во истрагата се опфатени и 4 правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и од Скопје
Од МВР најавуваат детали за подоцна, и засега велат дека акцијата е во тек.
„Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата ќе ја известиме јавноста“, велат од МВР.
Според првичните неофицијални информации, станува збор за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви за РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј, при што осомничените членови на злосторничкото здружение нанеле штета и стекнале противправна имотна корист од околу 6,5 милиони евра.
Ново на Сител
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ