Свет
25. November 2016 - 13:49

Во голем кибер напад врз системот на Еврокомисијата (ДПЛ)

Интернет страницата на Европската комисија синоќа беше хакирана со голем кибер напад, соопшти утрово поортпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас. 

- Успеавме да го блокираме. Нема протекување на информации, истакна Схинас.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Схинас нагласи станувало збор за симултани напади на хакери, поради што брзината на интернет-врските во Комисијата била намалена, но дека сепак, компјутерските техничари успеале да го одбијат нападот.  

Според Схинас, заштитниците на интернет-врските во ЕК успеале да ги спасат податоците на Еврокомсиаијта и тие останале недопрени.

- Вчера попладне, Европската комисија беше цел на обид да се преполнат интернет-врските и ЕК превзема ефективни контрамерки и не дозволи прекин на врските, иако брзината беше афектирана. Немаше упад во податоците, нашиот ИТ-сектор ги мониторира системите и е подготвен да одговори во секое време. Вчера бевме цел на различни напаѓачи, кои делеа и употребуваа различни алатки и методи, но се уште не знаеме кој го направи тој упад, но ве уверувам вас и јавноста дека нашите заштитници се претпазливи, посочи Схинас.