Во голем кибер напад врз системот на Еврокомисијата (ДПЛ)
Интернет страницата на Европската комисија синоќа беше хакирана со голем кибер напад, соопшти утрово поортпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас.
- Успеавме да го блокираме. Нема протекување на информации, истакна Схинас.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Схинас нагласи станувало збор за симултани напади на хакери, поради што брзината на интернет-врските во Комисијата била намалена, но дека сепак, компјутерските техничари успеале да го одбијат нападот.
Според Схинас, заштитниците на интернет-врските во ЕК успеале да ги спасат податоците на Еврокомсиаијта и тие останале недопрени.
- Вчера попладне, Европската комисија беше цел на обид да се преполнат интернет-врските и ЕК превзема ефективни контрамерки и не дозволи прекин на врските, иако брзината беше афектирана. Немаше упад во податоците, нашиот ИТ-сектор ги мониторира системите и е подготвен да одговори во секое време. Вчера бевме цел на различни напаѓачи, кои делеа и употребуваа различни алатки и методи, но се уште не знаеме кој го направи тој упад, но ве уверувам вас и јавноста дека нашите заштитници се претпазливи, посочи Схинас.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево