Во Гевгелиско изганат уште еден пожар кај казино „Принцес“

Гевгелиските пожарникари, помогнати од домашни и странски гранични полицајци, вработени во ЈПКД „Комуналец“ и жители на селото Богородица изгаснаа уште еден пожар во близина на казино „Принцес“ и бензинската пумпа на „Лукоил“.
–Околу пладне пожарот бил забележан од спротивната страна на ридот што беше опожарен вчера и веднаш бил пријавен. Навремената интервенција го спречи пожарот да се прошири кон казината „Скај“ и „Принцес“ кон бензинската пумпа на „Лукоил“ и кон населеното место Богородица. Ова беше уште една акција со која надлежните органи, во соработка со граѓаните, не дозволија да дојде до катастрофа од поголеми димензии, рече Игор Ризов, командир на ТППЕ Гевгелија.
Се претпоставува дека човечки фактор е причина за денешниот пожар, што зафатил површина од еден хектар борова шума и сува трева.
Ново на Сител
-

Како да ја заштитиме биолошката разновидност?
-

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка пред Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е слуга на бугарските интереси
-

СДСМ: Уставни измени веднаш
-

Академик Стојков, вистината против пропагандата
-

Пожарникарите во пресрет на летото подготвени
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
