Во Гевгелија продадени 15 градежни парцели на последната аукција
Од понудените 23 градежни парцели за индивидуални куќи и две за објекти од лесната индустрија, општина Гевгелија на последната електронска аукција продаде 15 градежни парцели за индивидуални куќи кои се наоѓаат во три станбени зони на Гевгелија, информираа денеска од одделението за урбанизам.
Површините на продадените градежни парцели се движеа од 304 до 525 метри квадратни во населбите „Караорман“ и „Моински пат“ па се до 1.838 квадрати во моментно најелитната гевгелиска населба „Мрзенски рид“.
Почетната цена на градежните парцели изнеувала 61 денар,а постигната е продажна цена од 71 до 1.530 денари за метар квадратен во зависнот од локациите на парцелите. И овој пат највисока продажна цена достигнаа градежните парцели во станбената населба ,,Мрзенски рид“ каде ќе се гради со посебен режим односно парцелите се наменети за градење резиденцијални објекти од приземје со кат и поткровје.
Од одделението за урбанизам соопштија дека непродадените осум парцели за индивидуални куќи и двете за објекти од лесната индустрија, наскоро повторно ќе бидат понудени на продажба.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување