Во Гевгелија почнува прославата на празникот Спасовден
Со ликовен перформанс „Цветна патека на мирот“ од авторот Живко Поповски-Цветин, вечер во Гевгелија почнува реализацијата на програмата за прослава на празникот Спасовден заштитникот на градот.
Покровител на празничната програма е општина Гевгелија од каде информираат дека изложбата на Цветин ќе биде отворена во салата на Народниот театар каде ќе бидат изложени триесетина дела од авторот работени во повеќе ликовни техники.
Програмата ќе продолжи и утре кај фонтаната во центарот на Гевгелија со традиционалната музичка манифестација „Трба,трби“ на која ќе настапат распеаните групи и оркестри од Велес, Свети Николе, Валандово и Гевгелија.
На 8 јуни во салата на Народниот театар во Гевгелија ќе гостува театарот „Комедија“ со претставата „Стјуардеси“, а празничната програма по повод празнувањето на Спасовден ќе ја заокружат над 100 артисти кои на 9 и 10 јуни во рамки на манифестацијата „Баскер фест“ ќе се претстават пред гевгеличани со многу музички точки, акробации и баскер работилници во чии рамки ќе биде отворено и детско катче.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола
-
Се уште наизменично движење на автомобили во двата правца кај „Блаце“ и забрана за камиони
-
Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја подготвиме заедно со граѓаните, очекувам поддршка од сите политички партии
-
Предлог притвор за лице осомничено за одземање автомобил и тешка кражба во Скопје
-
Ангелов: Нема опасност за жителите од пожарот над Чучер, да не се шири паника
-
Приведено лице кое пукало кон полицајци во битолско
-
МВР: Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце
-
Муцунски - Велдкамп: Холандија е меѓу најголемите билатерални донатори во клучни области за земјава