Во Гевгелија лани решени 1.383 барања за легализација на дивоградби
Од поднесените 2.100 барања за легализација на бесправно изградени објекти во Гевгелија лани се решени 1.383, што претставува повеќе од 70 отсто, информира денеска раководителот на гевгелискиот општински сектор за урбанизам Панче Киров.

Причина за нерешените барања, посочи Киров, се недоставени елаборати од страна на подносителите, а во одредени случаи и поради неплатени комунални такси, рече раководителот на секторот Панче Киров.
Според него, Секторот за урбанизам на општина Гевгелија ја зголемил ефикасноста во работата во минатата година и го намалил рокот за чекање благодаренио на примената на издавање урбанистички документи по електронски пат.
Од останатите барања кои пристигнале во Секторот за урбанизам, во законски одредениот рок од 79 барања за одобрение за градба биле решени дури 76, а од 38 барања за поставување урбана опрема се решени 32, потенцира Киров и додаде дека успешно биле решени сите поднесени барања за извод од урбанистички план.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
