Македонија
23. September 2016 - 12:26

Во Гевгелија ќе се проширува локалната патна мрежа и ќе се регулираат одводните канали

Општина Гевгелија денеска објави шест нови тендери наменети за подобрување и проширување на локалната патна мрежа во општината и за регулација на одводните канали.

Од Одделението за урбанизам информираа дека едниот тендер се однесува за прибирање на понуди за изградба на нови улици, втортиот јавен повик е за одржување и реконструкција на постојни улици, а третиот за изградба и реконструкција на тротоари и патеки со павер елементи.

Покрај ова, општина Гевгелија објави јавен повик и за набавка на семафорска сигнализација, потреба која се наметна со уредувањето на новите кружни текови кое се наоѓа во завршна фаза и за уредување на последниот дел, односно горниот тек од одводниот канал „Рауљ“ со чија регулација ќе заврши реализацијата на комплетниот проект, финансиски подржан од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција и средства од буџетот на општина Гевгелија.