Во Германија предупредување за бран стечаи на компании поради пандемијата

Претседателот на Германскиот институт за економски науки (DIW), Марсел Фрачер, очекува, како последица на кризата со коронавирусот, бран на стечаи на компании. „Вториот бран ќе биде потежок“, изјави тој за весникот „Аугсбургер алгемајне“.Колку подолго трае брано, вели тој, толку повеќе компании ќе ги достигнат границите на нивната способност да преживеат.
„Прашањето не е дали бранот на инфекции ќе доведе до стечај на компаниите, туку кога“, подвлече Фрачер. Според германските медиуми, шефот на Институтот за светска економија од Кил, Габриел Фелбермаер, исто така, за агенцијата ДПА изјави дека очекува исчезнување на околу 600.000 работни места во Германија поради последици од Ковид-19.
Според него, најтешко ќе бидат погодени секторот за воздушен транспорт и туризам.
Ново на Сител
-

ЈО: Побарана подготвителна постапка за четири малолетнички за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Владата постојано работи на унапредување на електроенергетскиот систем
-

Јаневска: Наша цел е воведување на ВИ во секојдневниот живот на учениците и наставниците
-

Шеснаесетгодишници нападнале врсник и му се заканиле со автоматска пушка
-

Угостителските услуги за една година поскапеле за 2,8 отсто
-

Арагчи: Иран ќе прифати само „праведен и сеопфатен“ договор со САД
-

Мицкоски: Годинава нема избори, таа е реформска и година на консолидација
-

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ нема црвени линии
