Во Германија е започнато тестирањето на вакцината против корона

Германскиот Институт Пол-Ерлих, кој е надлежен за издавање дозволи за клинички тестови, како и за вреднување и одобрување вакцини во земјата, му даде зелено светло на биотехнолошкото претпријатие од Мајнц, БиоНТех, за спроведување тест-вакцинирање луѓе, соопштено е денеска во Ланген.
Ова, според Институтот Пол-Ерлих, е четврта дозвола издадена во светот за тестирање на потенцијална вакцина – превентивно, специфично средство против Ковид-19 врз здрави луѓе- доброволни кандидати. Во првата фаза ќе се тестираат различни дози врз 200 здрави лица на возраст од 18 до 55 години, во втората фаза средството ќе се дава на лица од ризични категории.
Со оглед на тешките последици на пандемијата на коронавирус, дозволата претставува „значаен чекор за во Германија што е можно побрзо да се развие сигурна вакцина против Ковид-19 и што е можно побрзо да биде ставена на располагање во цел свет“, се вели од Институтот. Според информациите оттаму, во следните месеци се очекуваат натамошни клинички тестирања на потенцијални средства за вакцина против Ковид-19.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
