-->
-->
Во Гази Баба ќе се гради комерцијално-деловен комплекс, нови 800 до 1000 вработувања
-->

Во општина Гази Баба е поставен камен темелник за изградба на комерцијално-деловен комплекс што го гради Мак АутоСтар.
Комплексот ќе се протега на површина од 12 илјади метри квадратни и се очекува со оваа нова инвестиција да бидат отворени од 800 до 1.000 нови работни места.
Камен-темелникот беше поставен денеска, а на свеченоста присуствуваа градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, генералниот директор на Мак АутоСтар, Зоран Марковски и заменик амбасадорот на Германија Марко Акватичи.
Соговорниците разговараа за идните планови и развој на оваа компанија, како и за можноста за поврзување и соработка на бизнис клубот на општина Гази Баба со Македонско-германската комора.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Европското здружение за кардиологија објави нови упатства за исхрана за лица со срцеви проблеми
-

Бугарскиот Парламент денеска гласа за кабинетот на мандатарот Румен Радев
-

Втор ден од Регионалната министерска конференција за демографските предизвици
-

Србија ја испраќа до Венецијанската комисија првата верзија на измените на пакетот судски закони
-

Астон Вила и Фрајбург во борба за пехарот во Лига Европа
-

Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе се борат за пехарот во Конференциската лига
-

Иранските медиуми јавија за експлозии кај Бандар Абас и на островот Кешм; „Фокс њуз“ тврди дека станува збор за американски напади
-

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин на товарен брод
