Свет
2. January 2016 - 15:39

Во Франција за новогодишната ноќ запалени 804 автомобили и уaпсени 622 лица

Спектакуларно намалување на бројот на опожарените автомобили во текот на новогодишната ноќ во Франција е резултат кна зголемената мобилизација на силите на редот по терористичките напади во ноември и во јануари мината година, јави дописникот на МИА од Париз.

Според бројките од Министерството за внатрешни работи за време на новогодишната ноќ биле опожарени 804 автомобили, што претсавува 14,5 проценти помалку во споредба со минатата година, кога беа опожарени 940 автомобили.

Сепак намалувањето на опожарените автомобили не беше пропратено со намалување на насилството. Министерот за внатрешни работи Бернар Казенев изјави дека биле упасени 622 лица, од кои 368 останале во притвор. Минатата година кога беа уапсени 308.

Овие бројки се должат на силната мобилизација на силите на редот. Имено над 100.000 припадници на полицијата и жандармеријата се грижеа за безбедноста, а само во парискиот регион имаше 11.000 односно, 2.000 полицајци повеќе од лани.

Во Франција за новогодишната ноќ во предградијата се палат возила, „традиција“ која најпрво беше практикувана во Стразбур и која последните години се прошири низ цела Франција.