-->
-->
Во Франција влезе во сила „данокот за тероризам“
-->
Француските граѓани од денеска ќе плаќаат дополнително по 1,60 евра во осигурителните полиси на своите имоти, а целта е да се финансира специјален фонд за жртви на екстремистички и терористички напади, кои зачестија во земјата.
Овој нов данок веќе го доби името „данок на тероризам“. Со него за секоја осигурителна полиса ќе се плаќа данок од 5.90 евра, наместо досегашните 4,30.
Зголемувањете беше објавено уште во октомври. Тогаш француските владини претставници изјавија дека Фондот се полни од околу 90 милиони полиси и во моментот во него има собрано 1,45 милијарди евра.
Над 200 лица загинаа во терористички напади во Франција во изминатите 20 месеци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски