-->
-->
Во Франција уапсен маж кој за еден месец 27.000 пати се јавил во полиција
-->
Маж во Лион е уапсен поради вознемирување на полицијата откако во рок од еден месец им ѕвонел 27.000 пати на телефон, соопштија тамошните власти.
Мажот, чие име не е соопштено, од 7 април до 18 мај ѕвонел на телефонот на разни полициски и жандармерски станици во Франција, а на оние кои му се јавувале, им зборувал за секс, особено ако диспечерите биле жени. Како што објавуваат француските медиуми, вкупно 34 лица се жртви на неговото вознемирување.
47-годишникот бил уапсен вчера во еден хотел во Лион, а после психијатарскиот преглед му бил утврден притвор и чека сослушување кај истражниот судија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без струја дел од корисниците во општините Ѓорче Перов, Чаир и Чучер Сандево, без вода дел од корисниците во Карпош и Кисела Вода
-
Трамп рече дека ќе поддржи трајно населување на Палестинците и дека САД „ќе воспостават контрола над Газа“
-
Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот
-
Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин
-
Ведро и студено, преку ден сончево
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија