Во Франција уапсен еден од лидерите на ЕТА
Еден од најистакнатите лидери на баскиската сепаратистичка организација ЕТА, Микел Ирасторса е уапсен денеска во југозападниот дел на Франција, соопштија шпанските власти.
Ирасторса е пронајден во својот дом во францускиот град Аскен, во пиринејскиот регион на границата со Шпанија, се наведува во соопштението на шпанското Министерство за внатрешни работи.
Според француски извори, била приведена и една брачна двојка, која му овозможила засолниште на Ирасторса.
Рацијата, која ја извршиле француските безбедносни сили во соработка со шпанската цивилна гарда, била насочена кон „лидерската структура на ЕТА“.
Шпанското МВР наведува дека операцијата продолжила и би можеле да следат и дополнителни апсења.
ЕТА повеќе децении водеше насилна кампања за независност на Баскија, во северниот дел на Шпанија и југозападна Франција, а оваа организација се товари за смртта на повеќе од 800 лица. Само уште околу 20 членови на ЕТА се уште се наоѓаат на слобода.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани
-
Невладините бараат измени на Законот за младински политики
-
ОПМ: Мерката за ограничување на маржите е корисна
-
Нова опасност за македонските сточари
-
Преглед на вестите од светот
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип