Во финална фаза е изготовката на документацијата за гасификација на Штип
Проектната документација за изградба на секундарна гасификациска мрежа во Штип е во завршна фаза, објави денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Тој забележа дека проектантите ги финализираат основниот и инфраструктурен проект.
-Идејниот проект ни е готов така што ние очекувам до средината на септември да добиеме комплетна техничка документација за гасификација на Штип и сме први коишто ќе го имаат овој документ или овој проект за да потоа очекувам од Владата поддршка за дел на гасификација на градот, за да можеме побрзо и поефикасно да влеземе во гасифицирање, да ги намалиме и трошоците на компаниите, на нашите општински институции, вели Бочварски.
Штипскиот градоначалник вели дека веќе разговарал со советникот за енергетика на премиерот, Зоран Заев за избор на модел, како општината ќе се гасифицирра, односно дали секундарната мрежа ќе се гради со општински средства, потоа јавно-приватно партнерство или со поддршка на Владата.
-Тие кога ќе го имаат конечниот одговор на ова прашање, дали би влегле со поддршка ние тогаш ќе донесеме наша конечна одлука. Така што можам да кажам дека ние во средината на септември ќе бидеме подготвени и ќе ја чекаме одлуката на Владата, вели Бочварски.
Инаку главната цевка на гасоводот кон Неготино поминува покрај индустриските зони на Штип, коишто имаат интерес за да се приклучат на секундарната мрежа.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода

