Бизнис
26. April 2019 - 11:35

Во февруари 72,6 отсто од потрошената струја од домашни извори

Во февруари годинава во земјава вкупно се потрошени 731.115 мегават часови електрична енергија, 26,712 милиони нормални кубни метри природен гас, 536.377 тони јаглен и 70.563 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 72,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а за нејзино производство се употребени 97,6 отсто од вкупно потрошениот јаглен.