Во Европа од освежувачите за простор и средствата за чистење годишно умират 99.000 лица
Освежувачите на просторот и средствата за чистење се скриени убијци во домовите, училиштата и работните простории, а во најновиот извештај се тврди дека годишно предизвикуваат или придонесуваат смрт на 99.000 лица во Европа, објави британски „Телеграф“.
Во Извештајот поддржан од страна на здравствените организации во Велика Британија, Royal College of Physicians (RCP) и Royal College of Paediatrics and Child Health (RCPCH), предупредува дека за лош квалитет на воздухот во затворени простории придонесуваат различни производи на домаќинството, неисправни бојлери, спрејови и освежувачи на воздухот, кои и како и средства за лична хигиена се посочени како најопасни, затоа што обично содржат хемикалии кои се течни или лесно испаруваат.
Освен тоа, одреден мебел, ткаенини, лепило и изолациски материјал содржат формалдехид што испарува и што ги иритира дишните патишта, односно белите дробови. И биолошките материјали кои можат да се пронајдат во куќата како прашина, мувла и животински влакна исто така, можат да му наштетат на здравјето на човечкот.
- Загадувањето на воздухот во затворена просторија може да има негативни факти на развојот на фетусот, особено на белите дробови и бубрезите на детето, може да предизвика спонтан абортус, срцев удар и мозочен удар кај повозрасните лица, а поврзано е и со астма, дијабетес, деменција, дебелина и на крајот рак, се наведува во извештајот.
Ново на Сител
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
-
Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица