Во евроинтегративниот процес потребно е вклучување на капацитетите на целото општество
Секој човек е важен, а во областа на ЕУ интеграции тоа е најважно особено за држава со два милиони жители на хартија. Владата мора да гради поголеми капацитети во институциите, но сами во овој процес нема да бидеме доволни и сами нема да можеме да ги најдеме капацитетите што се неопходни за европскиот пат да биде успешен. Затоа Владата ќе биде не само отворена, туку и многу амбициозна во очекувањето, заедно со невладиниот сектор и со академската заедница, со експертите, да го искористи сето знаење што ни е на располагање како држава.
Ова го истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска на денешната тркалезна маса „Креирање на јавните политики во перспектива на европската интеграција“.
- Свесни сме дека нема волшебно стапче, ниту хакерски код што може да не донесе до почеток на преговори и успешни преговори. И оние кратеники во патувањето не се опција за нас. Мора да го изодиме патот ако сакаме да го надоместиме времето што е изгубено. Предизвиците на нашата генерација да не бидат исти предизвици на генерациите кои доаѓаат и затоа да ги отвораме европските поглавја, а некои поглавја на поларизација, на поделби, конфликти, на неказнивост, на заробени медиуми, дефинитивно да ги затвориме, рече Шеќеринска.
Како Влада, додаде, се фокусирани не на тоа да се жалиме на изминатите 11 години, туку на тоа што е можно Македонија да направи во релативно кус период за да покаже и успеваме, вели, дека во Македонија постои капацитет, постои политичка волја и општествена зрелост, дека и требаат реформи на државата и тоа со европски карактер, а тоа го потврдуваат и оценките во Извештајот на ЕК со чистата препорака, како и очекувањара во јуни-јули да добиеме датум за почеток на преговори и покана за членство во НАТО.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар во однос на креирањето на јавните политики во интегративниот процес истакна дека во него треба да бидат вклучени сите засегнати страни од политичката и од општествената сфера, за да се постигне заедничката цел. Тој изрази надеж дека многу бргу и опозицијата ќе се приклучи на овој процес оти тоа вели е во линија со нивната заложба за европската реформска агенда во која клучна е реформата на јавната администрација за што, додаде дека веќе се донесени стратегиските документи.
- Европската комисија веќе констатира дека се што беше потребно е исполнето од страна на државата, дека назадувањето сега е прекинато и дека условите што беа поставени за претходната препорака за отворање на преговорите сега се спроведени и токму затоа дадена е чиста препорака за отворање на преговорите со земјата, откако тоа ќе биде одлучено од страна на министрите на земјите членки на ЕУ. Затоа однапред се радувам на одлуката на Советот на ЕУ кон крајот на јуни , бидејќи тоа ќе ги стимулира реформите и ќе им помогне на реформите да продолжат да се движат, рече Жбогар.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски истакна дека во делот на почнување на преговорите, имаат проблем со кадровскиот потенцијал во институциите, бидејќи вели, имаат сериозен недостаток од висококваликуван стручен кадар и затоа се потребни нови вработувања особено.
- Заедно со Министерството за финансии и со канцеларијата на заменик премиерот за европски прашања работиме на неколку модели што ќе овозможат мотивација на високо квалификувани стручни кадри кои би можеле да се приклучат на институциите од приватниот од невладиниот сектор и тн. Но нема да успееме само така, затоа се надевам дека зборуваме за многу краток период во кој Македонија ќе почне да ги отвара преговорите и ние ќе немаме можност согласно законските решенија да ги пополниме сите празни места, и затоа ќе ни треба модел за партнерство со НВО, со граѓанскиот сектор за Македонија да може и најбрзо и најквалитетно да го изоди патот на преговорите што воопшто нема да биде лесен, рече Манчевски.
Тркалезната маса е во организација на Фондацијата институт отворено општество Македонија и Евротинк - Центарот за европски стратегии чии претставници се зложија за структуриран дијалог со институциите, но и за работа со граѓаните со цел да го разберат интегративниот процес и придобивките.
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес