Во експлозијата во зграда во Сен Лоран де ла Саланк најмалку седум мртви, меѓу кои и две деца
Најмалку седум лица загинаа, меѓу кои две деца, едно лице е тешко повредено и уште тројца полесно, во многу силна експлозија што се случи околу 1:30 часот по полноќ во зграда во Сен Лоран-де-ла-Саланк во јужниот дел на Франција, покажува последниот извештај објавен од обвинителството, јави дописникот на МИА.
Експлозијата се случила во приземјето на зградата, во една сендвичара. Најмалку единаесет станови беа погодени од експлозијата и пожарот. Во близина на зградата биле пронајдени плински боци. Засега не се знае дали тие се причината или ја влошиле експлозијата.
Обвинителството во Перпињан отвори истрага за „подметнување пожар што предизвикал смрт“. На самото место се наоѓа министерот за јавни финансии Оливие Дусоп,. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, кој моментално е во Монпеље, исто така најави дека ќе го посети местото на несреќата.
Тешко повредениот е 27-годишен маж кој скокнал од прозорец на првиот кат за да се спаси од пламените јазици. Прво бил евакуиран во болницата во Перпињан пред да биде префрлен во Универзитетската болница во Монпеље. Полесно повредените страдаат од труење со чад.
Ново на Сител
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
-
Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“
-
Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш
-
Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството