Во експлозија на три бомби во Кабул убиени 12 луѓе

Најмалку 12 луѓе загинаа денеска при експлозија на три бомби во авганистанскиот главен град Кабул, од кои една е активирана во автобус со кој се превезувале владини службеници.
Петмина вработени во Министерството за рударство и нафта се убиени, а 10 се повредени во нападот на автобусот, соопштија локалните власти, додавајќи дека уште седум лица загинале и над 20 се повредени во друга експлозија.
– Прво магнетна бомба, подметната под минибус, експлодирала, потоа бомбаш-самоубиец се разнесе во близина на местото на нападот на возилото, а третата се случила кога непознати лица активирале бомба во автомобил, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи во Кабул, Насрат Рахими, нагласувајќи дека бројот на загинатите би можел да се зголеми.
Засега ниту една група нема преземено одговорност за нападите, кои се случуваат во момент кога генералот Јосеф Дунфорд, началник на Здружениот штаб на американската војска, се сретнал со американски и претставници на НАТО во Кабул.
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
