Во два одвоени случаи во Скопје и Прилеп украдени пиштоли „Црвена Застава“

Во Скопје и во Прилеп вчера во два одвоени случаи непознати сторители украле два пиштоли марка „Црвена Застава“, соопшти денеска МВР.
Во првиот случај во Скопје, на ул.„Христо Татарчев“, вчера околу 12:00 часот на паркинг простор непознат сторител со употреба на физичка сила влегол во патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со сопственост на С.С.(55) од Скопје, извршил пребарување, при што од задното седиште одзел машка ташна во која имало пиштол марка „Црвена Застава“.
Во Прилеп пак, на ул. „Кукушка“ во куќата сопственост на П.В.(56), непознат сторител влегол внатре преку незаклучената врата, извршил пребарување и одзел пиштол марка „Црвена Застава“ кој оштетениот го поседувал со дозвола, но и 120.000 денари и разновиден накит по што заминал во непознат правец. Причинета е вкупна материјална штета од околу 150.000 денари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
