-->
-->
Во Дојран ќе се реализираат два проекта за развој на руралниот туризам
-->
Дојран е една од четирите општини во државата што доби финансиска подршка од Министерството за локална самоуправа и од УНДП за реализација на два инфраструктурни проекта што би требало да го поттикнат развојот на руралниот туризам.
– Пред да аплицираме ние ја имавме подготвено техничката документација за проектите од кои едниот е за изградба на локален пат од селото Ѓопчели до параглајдерската писта, во вредност од 420.000 денари, а вториот за изградба и реконструкција на пешачка патека во вредност од 198.000 денари, информираа од општината.
Од општината Дојран изразија надеж дека со реализацијата на овие проекти ќе се создадат можности локалното население да ги развива семејните бизниси со кои ќе се отворат и нови работни места.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип

