Во ДИК жребување за редоследот на избирачките листи
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе спроведе жребување за редоследот на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 11 декември.
Граѓаните на 11 декември ќе избираат меѓу кандидатите на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи - ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партииите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица и Беса.
Во понеделник на 21 ноември почнува дваесетдневната изборна кампања која ќе заврши на 9 декември.
Партиите и коалициите веќе се подготвуваат за митинзи и средби со граѓани. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ кампањата ќе ја започне традиционално во Охрид, СДСМ и коалициските партии во Прилеп, ДУИ во Липково...
Ново на Сител
-
Дел од српската опозиција за „Данас“: Владата ја направи безбедноста фарса
-
Венко Филипче избран за нов претседател на СДСМ, реакции од другите двајца кандидати | ВИДЕО
-
Активни пожари во струмичко и прилепско
-
Од денеска струјата по нова, минимално зголемена цена
-
Српски полицајци во заеднички патроли со црногорски колеги на приморјето
-
Осумнаесет израелски војници ранети во напад на дрон извршен од Хезболах
-
Екстремната десница извоjува историска победа во првиот круг од парламентарните избори во Франција
-
Многу топло со температура до 39 степени, од утре дожд