-->
-->
Во Делчево регионална конференција за промоција на стандардите за безбедност и здравје при работа
-->
Во Делчево се одржа регионалната конференција на која беа презентирани резултатите од проектот кој ги промовираше стандардите за безбедност и здравје при работа во општините Пехчево, Македонска Каменица, Виница и Берово. Како што информираше Тони Стоименовски од Регионалниот центар за застапување, со цел утврдување на состојбата со примената на стандардите за безбедност и здравје при работа во рамки на проектот беше спроведено истражување преку анкетирање и новинарска сторија.
– Спроведувајки го истражувањето дојдовме до некои бројки кои што во нашиот регион ги немаше во изминатиот период и кои ќе ни бидат основа за во иднина да продолжиме да ја спроведуваме оваа кампања која има за цел намалување на професионалните заболувања во фирмите и во намалување, односно минимизирање на повредите на работните места, рече Стоименовски.
Според експертите вклучени во проектот, во изминатите шест месеци преку конкретните активности спроведени на терен, на работодавците и вработените им биле претставени домашните и европските регулативи во делот на стандардите за безбедност и здравје при работа.
– Имаме добри закони добри прописи, но ни фали имплементација од пракса. Без разлика колку да се трудиме таа проблематика носи нови опасности и штетности и ние постојано ќе треба да ја унапредуваме и да се држиме во тој правец, рече Зоран Аврамов, дипломиран инженер за безбедност при работа.
Во рамки на активностите е изготвен прирачник за кој на работодавците ќе им послужи полесно да ги имплементираат законските прописи во делот на стандардите за безбедност и здравје при работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион