Во Делчево одбележан Светскиот ден на Ромите
Со доделување награди и признанија на најдобрите ученици Роми во образовните институции во Делчево се одбележа 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. НВО „Кхам“ од Делчево на најдобрата ученичка во основното образование, осмооделенката Мелиса Ахмедова, ученичка од ОУ „Ванчо Прке“ од Делчево ѝ додели парична награда од 5.000 денари, додека општина Делчево на најдобрата средношколка Ромка од СОУ „М.М.Брицо“, Себаат Зекировска, ја награди со 10.000 денари.
Како што истакна Сара Јашарова од НВО Кхам, овие награди претставуваат признание за најдобрите ученици Роми, но и поттик за да постигнуваат учениците поголеми успеси.
- Ние сакаме да ги мотивираме овие ученици, бидејќи образованието ги отвора вратите на нивната иднина. Очекувам примерот на овие ученици да го следат и нивните другари, рече Јашарова.
На свеченоста по повод Светскиот ден на Ромите организирана од ромската НВО Кхам, пред присутнте се обрати и Зекри Абдулов, директор на НВО „Кхам“ кој истакна дека реализацијата на Декадата на Ромите, придонела да се актуелизираат, но и да се решат мал дел од проблемите на Ромите. Но, тој не е задоволен од динамиката на спроведување на акциските планови за Ромите опфатени во Стратегијата.
- Стратегијата е донесена пред три години, националните акциски планови од сите области се завршени пред неколку месеци, но локалните акциски планови, сѐ уште се изготвуваат, а досега измина три години од донесувањето на Стратегијата. Што значи дека ние изгубивме 3 години кои стојат како празен вакум, а Стратегијата важи до 2020 година. Се плашам дека ќе бидеме принудени повторно да носиме некои документи кои ќе бадат алиби за она што не се спроведува. За жал, Ромите во 21-от век се сѐ уште дискриминирани, рече Абдулов.
НВО Кхам од Делчево 15 години го организира одбележувањето на Светскиот ден на Ромите, 8 Април со кој се одбележува првото ромско организирање во 1971 година во Лондон.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет