Во Дебарско нема коледари, но има суројчари
Во поширокиот дебарски регион, според наследената традиција, нема коледарчиња за Бадник, но затоа за Василица има деца суројчари.
Тие во рака држат, како што се нарекува суројца во форма на крст или китка, составена од страк од лозница, гранчиња од леска, дрен, даб и босилек заврзани со црвен конец.
Утре претпладне тие ќе ги посетат православните домови и откако домаќините ќе ја отворат вратата ги „удираат”по глава и пеат „Сура,сура година, до година повесели”, по што се дарувани, пред се, со пари, но и со благо, костени, ореви и овошје.
Некогаш кога на овие простори живееле поголем број православни жители само во градот имало по повеќе од десет групи, составени од по десеттина деца но последните години оваа традиција ја продолжуваат најмногу две групи, од по четири до пет деца.
Како што налага вековната традиција денеска домаќинките подготвуваат пита или како што дебарчани го нарекуваат виткан комат, со паричка, која каде ќе се падне се верува дека носи среќа цела година.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност