Во дебарската гимназија слободни уште 183 ученички места

И по вториот уписен рок, во Средното општинско училиште „Здравко Чочковски“ во Дебар, сеуште има слободни ученички места во прва година.
-Во двата уписни рока, во прва година, запишани се 157 ученици,сите гимназиска насока. Од нив педесет се за настава на македонски и 107 на албански наставен јазик, вели професорот и член на комисијата за прием на ученици Алмин Османоски.
Според него непополнети се 183 места, што значи дека за парлелките на македонски наставен јазик слободни се 86 додека за паралелките на албански наставен јазик 97,од нив 34 за паралелката со градежно-геодетска насока, за која и во двата уписни рока за упис не се пријавил ни еден ученик.
Директорот на училиштето Ќерам Леши информираше дека ќе достават барање до Министерството за образование и наука за повторно намалување на потребниот минимум поени за упис.
-Во двете пријавувња за првиот уписен рок потребни беа минимум 60 поени.По доставеното барање до МОН, потребниот минимум за вториот уписен рок беше намален на 45 поени, вели Леши.
Тој се надева дека ќе добијат позитивн одговор на барањето, со што и бројот на запишани ученици се очекува да биде поголем.
Во меѓувреме уписот продолжува до почетокот на новата учебна 2016/2017 година.
Ново на Сител
-

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
-

АХВ ги проширува активностите земени се дополнителни мостри од градинки, јавни установи и угостителски објекти во Гостивар
-

Водичите треба да се прилагодат на модерните трендови
-

Под лупа операторите на штипските гробишта
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
