Во Дебар за време на полицискиот час волонтерите на Црвен крст во служба на граѓаните

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој ракоди и со општинскиот Оперативен штаб, по редовната седница на штабот, на прес – конференција информираше за состојбата во општината, како и за меките превземени во врска со потребите на граѓаните за време на полицискиот час.
-Апелирам до граѓаните целосно да го почитуваат полицискиот час, како во работните денови така и за време на викендот. Ги информирам дека ќе има дежурни маркети и аптеки и оти на услуга на граѓаните ќе бидат волонтерите на општинската организација на Црвен крст. Граѓаните може да се јават на телефонските броеви 046-831-074 или 071-223-990, рече Дука.
Безбедносната состојба ја оцени како добра, не се забележани непочитувањата на одлуката за забрана за движење, групни собирања, ниту е нарушен јавниот ред и мир. Единствено, рече Дука, регистрирана е една тешка кражба во селото Могорче.
Во моментов, додаде тој, се прават напори да се овозможи заминување за САД, на лица кои се потекло од Дебар, а се затекнати тука.
Што се однесува до состојбата со заразените со „Ковид-19“ посочи дека на домашно лекување се 29 лица, во текот на вчерашниот ден тестирани се 13 лица а во домашна изолација се 71 лице.
-Сепак упатувам апел граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните, бидејќи епидемијата со коронавирусот не е елиминира, рече Дука.
Ново на Сител
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
