Во Дебар се зголемува бројот на новозаразени со Ковид-19
Последните денови се забележува зголемен број на позитивните случаи на Ковид-19 во општините Дебар и Центар Жупа, но, состојбата, според надлежните, не може да се оцени како алармантна.
Во последните три дена регистрани 20 нови случаи (вчера 11) или во изминатата недела вкупно 28, во списокот на оздравени не е впишан ниту еден пациент од ова подрачје, додека почина едно лице во ковид центарот во Дебар.
Во инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар, каде функционира ковид-центарот хоспитализирани се пет пациенти, за разлика од претходно кога во почетокот на месецот немаше ниту еден пациент, а потоа по двајца до тројца пациенти.
-Имаме пет хоспитализирани ковид пациенти, од нив тројца на кислородна поддршка. На дневна терапија, односно амбулантски се лекуваат седум лица, кои по добиената терапија малку одмараат и заминуваат дома. Дневно во просек има по 12 лица кои доаѓаат на контрола. Еден пациент од Дебар е на лекување во здравствена установа во Скопје, изјави за МИА, Баки Алили директор на болницата.
На подрачјето на Дебар и Центар Жупа, од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени се 846, активни на болеста се 51, додека починале 38 лица, речиси по идентичен број од двете општини.
Зголемениот број на нови случаи пред се е последица на непочитување на мерката за носење заштитна маска, што го потврдува и зголемениот број на издадените парични платни налози. Полициските службеници во изминатата недела констатирале над 70 а овој месец околу 160 прекршоци.
Ново на Сител
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство