Во Дебар одбележан денот на правосудството
Во рамки на одбележувањето на Денот на правосудството во нашата држава, 31 март, денеска ширум беа отворени вратите и на Основниот суд во Дебар, за сите кои од блиску сакаа да ги разгледаат работните простории и да добијат информација за начинот на работа на оваа судска институција.
Освен граѓани и ученици од деветолетките од општините Дебар и Центар Жупа, просториите на судот ги разгледаа и од страна на вршителот на должноста претседател Илир Исени, добија детални информации за работата на судот.
- Посебно се чувствувам горд што денешниот ден, кој традиционално се одбележува, го дочекуваме со позитивни резултати, односно висока ефикасност во решавањето на предметите. Од минатата година ни останаа само мал број судски предмети за решавање. Бројчано во првото тримесечие имаме помалку предмети споредено со истиот период лани, што се должи токму на високата ефикасност на судот забележана лани, рече Исени.
Како што потврди Исени, иако сите знаат каде е судот во Дебар, сепак, многу граѓани по првпат денеска имале можност да влезат во него и непосредно да се запознаат со начинот на работа, како и работните простории на судиите и судницата.
Ново на Сител
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО