Во Дебар и Центар Жупа во сабота ќе гласаат 33 болни и изнемоштени лица
Во општините Дебар и Центар Жупа своето право на глас на 4 мај ќе го остварат 33 болни и изнемоштени лица.
Според претседателката на Општинската изборна комисија, Елмира Бакали, во Дебар ќе гласаат 30 лица.
-Ќе гласаат 30 болни и изнемоштени лица. Тоа е идентична бројка како и во првиот круг од гласањето. За второт круг немавме ново пријавени, рече Бакали.
Во недела, на 5 мај, во оваа општина изборниот процес ќе се одвива во 27 избирачки места, а колку лица со право на глас ќе се бидат во Единствениот избрачки список ќе се знае во четврток. Во првиот круг, според Бакали, во избирачкиот список за претседател на државата запишани беа 18.602 гласачи.
Во Општина Центар Жупа, во својот дом ќе гласаат три болни и изнемоштени лица.
Според претседателот на ОИК, Еран Зубер, едно лице гласало во првиот, а две се пријавиле за вториот круг на гласање.
Во оваа општина ќе се гласа на 16 избирачки места. Во Единствениот избрачки список во првиот круг беа запишани 6.951 лице.
Ново на Сител
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал