Во Дебар и Центар Жупа само еден случај на ХИВ/СИДА
Во општините Дебар и Центар Жупа регистриран е само еден случај на лице заразено со вирусот на ХИВ/СИДА.
- Случајот е регистриран пред осум години. Станува збор за жена тогаш на возраст од 28 години, која е во добра општа состојба, информираше Баки Халили, директор на Општата болница во Дебар, по повод Светскиот ден за борба против СИДА-та.
Нашата установа, додава тој располага со потребните брзи тестови, но за жал нема речиси никаков интерес да се направи ваков тест.
- Апелираме до граѓаните тоа да го сторат заради сопствено и здравјето на другите, посочува Халили.
Во подигнување на свеста на граѓани, општинската организација на Црвен крст, во соработка со Општата болница, следните денови ќе организира едукатвни предавања во средните училишта, но и за граѓани, вели секретарот на Црвениот крст Исни Телќиу.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата