Во Дебар и Центар Жупа гласаа 31 болно и изнемоштено лице
Во општините Дебар и Центар Жупа денеска своето право на глас го остварија 31 болно и изнемоштено лице.
Според претседателката на Општинската изборна комисија, Елмира Бакали, во Дебар гласале 30 лица.
-Гласаа 30 болни и изнемотени лица. Требаше да гласаат 33, но тројца не се најдени на пријавената адреса. Гласачкиот материјал е распределен без пробеми и очекуваме дека утре се ќе мине во најдобар ред, рече Бакали.
Утре во општина Дебар, освен за претседател на државата, ќе се гласа и за нов градоначалник. Изборниот процес ќе се одвива во 27 избирачки места, а во единствениот Избрачки список се запшани 18.625 лица со право на глас.
Во општина Центар Жупа, за гласање во својот дом беше прјавено само едно лице кое и го оствари своето право на глас. Според претседателот на ОИК, Еран Зубер, гласачкиот материјал е распределен и утре во оваа општина ќе се гласа на 16 избирачки места. Правото на глас треба да го остварат 6.951 лице.
Ново на Сител
-
Администрацијата од Дебар масовно се вклучи во денешната еко-акција
-
ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов да го праша Заев до каде е пресудата за „Монструм“
-
Костадинов: Мицкоски е опкружен со советници-насилници
-
Мицкоски предлага резолуција за заштита на македонскиот јазик
-
Николоски: Преговорите за изборниот законик во ќор сокак, власта сака да протурка решение без претходна дебата
-
Град Скопје, МТСП и „Комунална хигиена“ се приклучија на акцијата за чистење
-
Собраниската служба се вклучи во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“
-
Заев: Прво консултации во СДСМ и со малите партии, потоа одлука за ДУИ