Во Дебар и Центар Жупа гласаа 31 болно и изнемоштено лице
Во општините Дебар и Центар Жупа денеска своето право на глас го остварија 31 болно и изнемоштено лице.
Според претседателката на Општинската изборна комисија, Елмира Бакали, во Дебар гласале 30 лица.
-Гласаа 30 болни и изнемотени лица. Требаше да гласаат 33, но тројца не се најдени на пријавената адреса. Гласачкиот материјал е распределен без пробеми и очекуваме дека утре се ќе мине во најдобар ред, рече Бакали.
Утре во општина Дебар, освен за претседател на државата, ќе се гласа и за нов градоначалник. Изборниот процес ќе се одвива во 27 избирачки места, а во единствениот Избрачки список се запшани 18.625 лица со право на глас.
Во општина Центар Жупа, за гласање во својот дом беше прјавено само едно лице кое и го оствари своето право на глас. Според претседателот на ОИК, Еран Зубер, гласачкиот материјал е распределен и утре во оваа општина ќе се гласа на 16 избирачки места. Правото на глас треба да го остварат 6.951 лице.
Ново на Сител
-
Путин: Во Украина ќе се постигнат сите поставени цели
-
ЦУК: 1.643 повици на 112
-
Спасен пливач од Дојранското Езеро
-
Расчистени диви депонии во Бутел и Чаир
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Пронајдена почината изгубената планинарка на Шар Планина
-
Во Лазарополе минус еден, на Попова Шапка нула степени
-
Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади